Гајре
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Гајре — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Гајре | |
Координати 42°0′44″N 20°56′39″E | |
Општина | Тетово |
Население | 633 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 28013 |
Надм. вис. | 700 м |
Гајре на општинската карта Атарот на Гајре во рамките на општината | |
Гајре на Ризницата |
Селото се наоѓа 3 километри северозападно од градот Тетово. Куќите се издигаат на надморска височина од 700 метри, па и повисоко. Атарот зафаќа простор од 7,3 км2.[2]
На 5 јуни 2001 во близина на Гајре, на патот Тетово-Попова Шапка, албанските терористи од заседа убиле петмина припадници на Армијата на Република Македонија. При престрелката биле повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајре живееле 85 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Гајре — село во Селечка општина со центар во Шипковица и има 110 куќи со 548 жители, сите Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.020 жители, од кои 1.009 Албанци, 6 Македонци, 1 Србин и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 633 жители, од кои 607 Албанци, 1 останат и 25 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | — | 732 | 766 | 774 | 804 | 729 | 3 | 802 | 1.020 | 633 |
Најстарите албански родови во селото се Данчове (16 куќи) и Кутине (11 куќи). Потекнуваат од племето Красниќ, во северна Албанија, а се доселиле кон крајот на XVIII век.[12]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 2084 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 743 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.