Гасовит џин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гасовит џин — џиновска планета составена претежно од водород и хелиум. Се нарекува и неуспешна ѕвезда бидејќи ги има истите основни елементи како ѕвездите. Во Сончевиот Систем вакви планети се Јупитер и Сатурн. Поимот во прво време имал исто значење како „џиновска планета“, но во 1990-тите станало јасно дека џиновските планети Уран и Нептун припаѓаат на своја класа со потешки испарливи супстанции (наречени „мразови“) и затоа денес се нарекуваат ледени џинови.
Јупитер и Сатурн се состојат претежно од водород и хелиум, при што потешките елементи сочинуваат меѓу 3 и 13 отсто од масата.[1] Се смета дека имаат надворешен слој од молекуларен водород кој покрива слој од металичен водород и веројатно растопено карпесто јадро. Најнадворешниот слој на водородната атмосфера има многу слоеви од видливи облаци од вода и амонијак. Највеќето од планетата се состои од металичниот вородод зазема најголем дел од планетата, а се нарекува „металичен“ поради електроспроводливоста на водородот при таков крајно висок притисок. Јадрата им се состојат од потешки елементи на толку високи температури (20.000 K) и притисок, што нивните својства се слабо познати.[1]
Главната црта која го одликува кафеавото џуџе со многу мала маса од гасовитиот џин (со проц. 13 Јупитерови маси) е предмет на спор.[2] Едни сметаат дека тоа зависи од образбата, додека пак други за најважна ја сметаат физиката на внатрешноста.[2] Дел од спорот се однесува на тоа дали „кафеавите џуџиња“ неопходно мора да доживеале јадрено соединување во некој миг од минатото.