Второ Француско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Второ Француско Царство (француски: Second Empire Français), официјално Француско Царство (француски: Empire Français) — царски бонапартистички режим на Наполеон III од 14 јануари 1852 до 27 октомври 1870 година, помеѓу Втората и Третата Француска Република. Второто Француско Царство надгледувало некои од најзначајните достигнувања во инфраструктурата и економијата и повторно се наметнало како доминантна сила во Европа цела деценија.
Француско Царство | ||||||
Empire Français | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Второто Француско Царство во 1861 година | ||||||
Колониите и териториите што биле под контрола на Второто Француско Царство во 1867 година | ||||||
Главен град | Париз | |||||
Јазици | Француски | |||||
Вероисповед | Католицизам (Државна религија) Калвинизам Лутеранство Јудаизам Ислам (во Алжир) | |||||
Уредување | Унитарна апсолутна монархија (1852–1869)
Унитарна парламентарна уставна монархија | |||||
Цар | ||||||
- | 1852–1870 | Наполеон III | ||||
Историски период | Нов империјализам | |||||
- | Државен удар | 2 декември 1852 | ||||
- | Усвоен устав | 14 јануари 1852 | ||||
- | Француско-пруска војна | 19 јули 1870 | ||||
- | Битка кај Седан | 1 септември | ||||
- | Прогласена Трета Француска Република | 4 септември 1870 | ||||
Валута | Француски франк | |||||
Денес во | Франција | |||||
Историчарите во 1930-тите и 1940-тите често го омаловажувале Второто Царство како претходник на фашизмот, но кон крајот на 20 век тоа се појавило како пример за модернизационен режим. Историчарите генерално му дале на Второто Царство негативни оценки за неговата надворешна политика, и нешто попозитивни оценки за внатрешната политика, особено откако Наполеон III го либерализирал своето владеење по 1858 година. Го промовирал францускиот бизнис и извозот. Најголемите достигнувања вклучувале голема железничка мрежа што ја олеснило трговијата и ја поврзало нацијата заедно со Париз како нејзин центар. Ова го стимулирал економскиот раст и донел просперитет во повеќето региони во земјата. На Второто Царство му се дава голема заслуга за обновата на Париз со широки булевари, впечатливи јавни згради и елегантни станбени области за парижани од повисоката класа.[1]
Во меѓународната политика, Наполеон III се обидел да го имитира својот вујко Наполеон I, ангажирајќи се во бројни империјални потфати низ светот, како и неколку војни во Европа. Тој го започнал своето владеење со француските победи на Крим и во Италија, освојувајќи ги Савоја и Ница. Користејќи многу сурови методи, тој го изгради Француското Царство во Северна Африка и во Југоисточна Азија. Наполеон III, исто така, започнал интервенција во Мексико барајќи да го подигне Второто Мексиканско Царство и да го донесе во француската орбита, но тоа завршило со фијаско. Тој лошо се справил со заканата од Прусија, и до крајот на неговото владеење, францускиот император се нашол без сојузници пред огромната германска сила.[2] Неговото владеење било прекинато за време на Француско-пруската војна, кога бил заробен од пруската војска во Седан во 1870 година и симнат од тронот од француските републиканци. Починал во егзил во 1873 година во Англија.