Вратиславци
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Вратиславци (се среќава и како Братиславци) — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Вратиславци | |
Панорама на Вратиславци | |
Координати 42°02′49″N 22°41′49″E | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Осоговија |
Население | 45 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09004 |
Надм. вис. | 760-860 м |
Вратиславци на општинската карта Атарот на Вратиславци во рамките на општината | |
Вратиславци на Ризницата |
Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар на север се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2]
Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала: Балтаци, Галабовци, Илиовци, В’ците, Горно Маало и Терѕиите.
Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во Втората светска војна имало повеќе учесници од селото, а Никола Ивановски загинал во пробивањето на Сремскиот фронт, за што посмртно му е доделена Партизанска споменица. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
На пописот од 2002 година, селото имало 32 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 лицe без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 128 | 128 | 255 | 275 | 242 | 243 | 153 | 99 | 79 | 32 | 45 |
Жителите на селото главно потекнуваат од следните семејства: Атанасовски, Анастасовски, Ивановски, Гоцевски, Начевски, Велиновски, Стојменовски, Стоименовски и Мијалчовски.
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Во селото постои избирачко место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.