Врагитурци
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Врагитурци (грчки: Σωτηρούδα, Сотируда, до 1927 Βεργιατούρ, Вергатур)[1] — поранешно село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Врагитурци Σωτηρούδα | |
---|---|
Координати: 41°2′N 22°45′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 80
Население | |
• Вкупно | раселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓало на 11 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓало на надморска височина од 80 метри.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врагитурци се состоело од 30 семејства со 147 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Врагитурци имало 147 Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 152 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5].
Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна, селото настрадало а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија[6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година и 1920 година, селото било евидентирано како напуштено.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Сотируда.[7], додека дел од земјиштето било откупено од грчки великопоседници. Поради тоа, на пописот од 1928 година, селото броело 101 жител.
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 101 жител бегалец.[8]. По овој период започнал период на целосно напуштање на селото од страна на неговите жители.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.