Војводство Парма и Пјаченца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Војводство Парма и Пјаченца (италијански: Ducato di Parma e Piacenza латински: Ducatus Parmae et Placentiae) — италијанска држава создадена во 1545 година и сместена во северна Италија, во сегашниот регион Емилија-Ромања.[1]
Војводство Парма и Пјаченца | ||||||
Ducato di Parma e Piacenza (италијански) Ducatus Parmae et Placentiae (латински) | ||||||
Војводство | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло Dirige me Domine! "Lead me, oh Lord!" | ||||||
Војводство Парма и Пјаченца (зелено) | ||||||
Современа Италија во 1815 година. | ||||||
Главен град | Парма Пјаченца | |||||
Јазици | Емилијанскоромањолски италијански латински | |||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | |||||
Уредување | Апсолутна монархија (Војводство) | |||||
Војвода | ||||||
- | 1545–1547 | Пјер Лујци Фарнезе (прв) | ||||
- | 1854–1859 | Роберт I (last) | ||||
Историја | ||||||
- | Создавање на титулата војвода на Пјер Лујци Фарнезе од Папа Павле III | 16 септември 1545 | ||||
- | Ахенски договор (1748) | 24 априол 1748 | ||||
- | Француска управа | 1 ноември 1802 | ||||
- | Анексија од Франција | 1808 | ||||
- | Обнова | 11 април 1814 | ||||
- | Обединување | 3 декември 1859 | ||||
Валута | Пармиска лира | |||||
Првобитно царство на семејството Фарнезе, откако папата Павле III го направило наследно војводство за неговиот син, Пјер Лујци Фарнезе, со него владеело династијата до 1731 година, кога последниот војвода, Антонио Фарнезе, починал без директни наследници.[1][2] По една деценија владеење на Хабсбурговците, војводството преминало под династијата Бурбон-Парма.
Војводството било нападнато од Наполеон и припоено од Франција, со обновен суверенитет во 1814 година по поразот на Наполеон. Сопругата на Наполеон, Марија Луиза, тогаш владеела како војвотка до нејзината смрт. Парма била вратена под владеење на Бурбоните во 1847 година, а во 1859 година, војводството било формално укинато бидејќи било интегрирано во новата италијанска држава.[1]