Вошка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вошките (латински: Pediculus humanus capitis) се мали инсекти без крила и цицаат крв од главата. Нивната боја е различна, од белузлава до кафеава и црвеникава до кафеава. Вошките живеат само кај луѓето. Ако се отстранат од главата, тие умираат обично во рок од 24 часа. Вошките не скокаат, тие можат само да ползат при што се пренесуваат од глава на глава.
Вошките се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото. Вошливоста е честа во школите, во центрите со дневен престој и други простори, кои се пренатрупани и каде децата се во близок меѓусебен контакт. Доколку вашето дете било во контакт со друго дете кое има вошки, прочитајте ја внимателно оваа информација