Воена морнарица на САД
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воената морнарица на Соединетите Американски Држави влегува во составот на вооружените сили на САД и една од осумте униформирани служби на Соединетите држави. Таа е најголемата и најмоќната морнарица во светот, а се проценува дека тонажата на нејзината активна борбена флота е поголема од следните 13 воени морнарици заедно, меѓу кои се и 11 сојузници или партнерски земји на САД (според податоци од 2015 година).[6][7][8][9] Тонажата на борбената флота [6][10] во 2019 години изнесувала 4.635.628 тони;[11] а оваа морнарица има најголемата флота на носачи на авиони на светот (единаесет активни, два нови носачи во изградба и планирани се уште пет други носачи). Во активниот состав на Морнарицата на САД има 336.978 војници; а 101.583 се во резервните сили. Морнарицата на САД е трет по големина вид во американската воена служба според бројот на персоналот. Има на располагање 290 борбени бродови и преку 3.700 оперативни авиони (јуни 2019).[2]
Воена морнарица на САД | |
---|---|
Амблем на Воената морнарица на САД | |
Создадена | 27 март 1794 (1794; пред 229 години (1794)) (како оваа служба) |
Земја | Соединети Американски Држави |
Вид | Воена морнарица |
Улога |
|
Големина | 349,593 активни (август 2021)[1] 279,471 civilian employees[2] 101,583 ready reserve personnel[2] 480 бродови, од кои 290 за брзо распоредување (2019)[2] 2,623 авиони[3] |
Дел од | Вооружени сили на САД Оддел за морнарица |
Главен штаб | Пентагон Арлингтон, Вирџинија, САД |
Бои | Сина и златна[4][5] |
Воената морнарица на САД ги влечи своите корени од Континенталната морнарица, која била основана за време на Американската војна за независност и била распуштена (како посебен ентитет) набргу по завршување на војната. Откако претрпел големи загуби на стоки и персонал предизвикани од Берберските пирати од Алжир, американскиот Конгрес донел Поморски акт од 1794 година за изградба на шест тешки фрегати, првите бродови на американската морнарица. Американската морнарица одиграла значајна улога во Американската граѓанска војна преку блокада на Конфедерацијата и преземање на контролата врз реките. Исто така, имала значајна улога во поразот на царската Јапонија во Втората светска војна. По завршување на Втората светска војна Американската морнарица станала најмоќната морнарица во светот. Американската морнарица во 21-от век одржува значително глобално присуство, а нејзините сили се распоредени на стратешки значајни места како: Западниот Пацифик, Медитеранот и Индискиот Океан. Морнарицата често учествува во надворешната и воената политика на САД.
Воената морнарица на САД е дел од Одделот за морнарица, заедно со Маринскиот корпус на САД, како нејзина рамноправна сестринска служба. Одделот за морнарица е предводен од цивилниот Секретар на морнарицата. Одделот за морнарица е воен оддел на Министерството за одбрана, на чие чело стои Секретарот за одбрана. Шеф за поморски операции е најстариот офицер на морнарицата кој служи во Одделот за морнарица.[12]