![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ed/Vodlozersky_National_Park%252C_Pilmas_Ozero.jpg/640px-Vodlozersky_National_Park%252C_Pilmas_Ozero.jpg&w=640&q=50)
Водлозерски национален парк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк Водлозерски (руски: Водлозерский национальный парк) — национален парк во Северна Русија, кој се протега во Онешкиот реон на Архангелската Област и Пудошката Област во автономната република Карелија. Основан е на 20 април 1991, од 2001 година националниот парк има статус на резерват на биосферата на УНЕСКО. Националниот парк е создаден за да ги заштити иглолисните шуми (тајга) во Северна Русија.[1]
Водлозерски национален парк | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
![]() | |
Место | ![]() |
Најблизок град | Пудож, Онега |
Површина | 4.280 км2 |
Воспоставен(а) | 20. април 1991 година |
Управно тело | „Федерален центар за шумарството во Русије“ |
Паркот има површина од 4 280 км2, дополнителни 400 км2 се користат од паркот, но им припаѓа на трети лица. Националниот парк Водлозерски е втор по големина парк во Европа по Националниот парк Југид-ва, а трет во Русија. Во зоната на паркот се вбројуваат и Водлозеро, сливот на реката Илекса, главните притоки на езерото и горниот тек на реката Водла, островите на езерото.[2]