Владеењето на правото е дефинирано во Оксфордскиот англиски речник како „авторитетот и влијанието на правото во општеството, особено кога се гледа како ограничување врз индивидуалното и институционалното однесување; (оттука) начелото според кое сите членови на едно општество (вклучително и оние во владата) се сметаат за еднакви пред јавно воспоставените правни прописи и процеси“.[2] Терминот владеење на правото е тесно поврзан со уставноста, како и со идејата за правната држава и се однесува на политичка ситуација, а не на некое конкретно правно правило.[3][4][5]
Употребата на поимот може да се проследи назад до 16. век во Велика Британија. Во следниот век, шкотскиот теолог Самуел Радерфорд го користел расправајќи против божественото право на кралевите.[6] Џон Лок пишувал дека слободата во општеството значи да се биде предмет само на закони донесени од законодавен дом коишто ќе важат за секого, при што едно лице е инаку ослободено од владини и приватни ограничувања на слободата. „Владеењето на правото“ е дополнително популаризирано во 19. век од страна на британскиот правник А. В. Диси. Сепак, начелото, ако не и самиот поим, било препознаено од античките мислители. Аристотел напишал: „посоодветно е законот да управува од кој било друг граѓанин“.[7]
Владеењето на правото подразбира дека секое лице е предмет на законот, вклучително и лица кои се пратеници, службеници за спроведување на законот и судии.[8] Во оваа смисла, тоа е во спротивност со тиранијата или олигархијата, каде што владетелите стојат над законот. Недостаток на владеењето на правото може да се најде и во демократиите и во монархиите, кога постои занемарување или непознавање на законот. Владеењето на правото е подложно на распаѓање доколку владата нема доволно поправни механизми за негово враќање. Дополнително, ова овозможува ширење на корупцијата, што го отежнува повторното враќање на правото со одминот на времето и навлегувањето на корупцијата подлабоко во владините системи.
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.