Викторија Бекам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викторија Каролин Бекам (Адамс; родена на 17 април 1974 ) е британска пејачка, текстописец, моден творец, стопанственикка, глумица и модел.
Викторија Бекам | |
---|---|
Викторија Бекам во мај 2010 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Викторија Каролина Адамс |
Познат(а) и како | Пош Спајс, Пош |
Роден(а) | 17 април 1974(1974-04-17) (50 г.) Харлов, Есекс, Англија |
Потекло | Гофс Оак, Хартфордшир, Англија |
Жанрови | Поп, R&B |
Занимања | пејач-текстописец, танчерка, модел, глумица, моден творец, стопанственикка |
Период на активност | 1994–денес |
Издавачи | Virgin (1996–2002) 19/Telstar (2002–04) |
Соработници | Спајс Грлс |
Мреж. место | Official website |
За време на нејзиното издигнување кон славата со поп групата Спајс Грлс во 1990 година, Бекам беше наречена Пош Спајс, прекар измислен од страна на британскиот музички поп магазин Топ оф д’попс во нивното јунско издание 1996. Додека Спајс Г’рлс правеа посебни кариери, таа дебитираше во поп мизиката, освојувајќи четири од 10 те британски топ песни како соло изведувач. Нејзината прва самостојна песна "Надвор од мислите”, го достигна второто место на списокот на британските песни и е нејзиното последно и најголемо појавување на таа листа. За време на нејзината соло кариера таа потпиша договор со Вирџин Рекордс и Телстар Рекордс. Бекам се здоби со поголем успех како меѓународно позната модна икона. Таа имаше кариера во модата, дизајнирајќи линија на фармерки за Рок&Репаблик а потоа го дизајнираше сопствениот познат бренд, dVb Стајл. Бекам ја прикажа и нејзината сопствена колекција од очила за сонце и парфеми , наречена “Интимно со Бекам”, кои беа пуштени во продажба во Велика Британија и САД. Во соработка со јапонската продавница Саманта Таваса, таа дизајнираше голема колекција од ташни и накит. Покрај тоа таа има издадено две книги бестселери; едната е нејзина автобиографија а другата е моден водич.
Од нејзините телевизиски заработки, Бекам имаше пет официјални документарни филмови и реални емисии направени за неа, како на пр: ” Да се биде Викторија Бекам “ и “ Бекамови во вистинско светло”. Нејзината последна емисија беше ” Викторија Бекам доаѓа во Америка” која што се емитуваше во САД во 2007 година. Таа за кратко се појави во епизода во американската телевизиска серија “Грдата Бети” ,а беше и гостин- судија во Проект писта: “Новиот топ модел на Германија” и “Американски идол “ ( деветта сезона). Бекам е мажена за англискиот фудбалер Дејвид Бекам со кој има и три синови, Бруклин,Ромео и Круз.Само од 2009 година па наваки нивното заедничко богатство е проценето на 125 милиони долари.