Википедија:Вики за човековите права 2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вики за човековите права 2021 — меѓународна иницијатива за одбележување на Денот на планетата Земја преку создавање содржини за поголема покриеност на темите поврзани со човековите права и здравата животна средина на Википедија. Иницијативата се одржала под крилатицата „Право на здрава житовна средина“ и вклучува меѓународен предизвик во организација на Фондацијата Викимедија во соработка со Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Програмата на ООН за животна средина и УНИЦЕФ.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/24/1200x630_WikiHumanRights_1x.png/640px-1200x630_WikiHumanRights_1x.png)
Во насока на поголема застапеност на темите за човековите права и здравата животна средина на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зела учество преку организирање уредувачки потфати. Меѓународната иницијатива се одржала од 15 април до 15 мај 2021 година, но заедницата на македонски јазик дополнително организирала два уредувачки маратони на 4 февруари и 14 април 2021 година.