Право на домување — иницијатива на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ и Википедија на македонски јазик, која има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Право на домување“. Потфатот е дел од меѓународната иницијатива „Вики за човековите права 2024“.
Седмицата започнува на 3 јуни 2024 г. во 00:00 ч. и завршува на 9 јуни 2024 г. во 23:59 ч. по македонско време.
Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).
Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.
Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да дополнат постоечка статија.
Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.
Методи
За време на уредувачката седмица, учесниците се очекува да:
создадат нови статии и да ги подобрат постоечките;
додадат веродостојни надворешни врски во статиите; и
додадат слики во статиите за да ги направат посликовити.
Упатство за учество
Основни податоци
Почеток: 3 јуни 2024 г. во 00:00 (CEST).
Крај: 9 јуни 2024 г. во 23:59 (CEST).
Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
Тема: Право на домување.
Пријава
Чекор 1: Создадете корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
Чекор 2: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
Награди
Награди ќе им бидат доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони, и тоа:
Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.
Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 20 статии!
Друштвени медиуми
Споделувањето на меѓународната иницијатива на друштвените медиуми било препорачано да се врши со тарабните ознаки #WikiForHumanRights.
Содржина за уредување статии
Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини можело да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрувало дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници било да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).
За да се запишете во списокот по двете точки запишете го вашето корисничко име, како и после големата црта. (пример: Корисник:Jtasevski123|Jtasevski123).
За да ги запишувате вашите статии во списокот служете во секоја заграда запишувајте ја статијата која сте ја уредиле и означувајте дали се работи за нова или подобрена статија (пример: Винсент ван Гог (Н)).
1Збирниот резултат претставува број на додадени зборови на Википедија преку уредените статии, за што е користена посебна википедијанска алатка за пребројување на зборови.