Викинзи (серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викинзи е историска драма напишана и создадена од страна на Мајкл Хирст за телевизискиот канал History. Снимена во Ирска, премиерно се прикажала на 3 март 2013 година во Канада.[1]
Викинзи | |
---|---|
Жанр | историска драма |
Создадена од | Мајкл Хирст |
Напишана од | Мајкл Хирст |
Улоги |
|
Воведна тема | "If I Had a Heart" од Фивер Реј |
Композитор(и) | Тревор Морис |
Земја на потекло | Канада Ирска |
Првичен јазик | англиски |
Производство | |
Местоположба | Студија Ашфорд Округ Виклоу |
Времетраење | 45 минути |
Дистрибутер | MGM телевизија |
Прикажување | |
Првична мрежа | History |
Првично прикажување | март 3 2013 (2013-03-03) |
Надворешни врски | |
Official website | history.com/shows/vikings |
Серијата е инспирирана од сагите на викингот Рагнар Лотброк, еден од нордиските јунаци познат по нападите на Англија и Франција. Серијата го прикажува како фармер кој се издигнува организирајќи напади во Англија и кој потоа станува скандинавски крал со поддршка на семејството и на верните воини: брат му Роло, синот Бјорн Железниот, и неговите жени—воинката Лагерта и принцезата Аслауг.
На 17 март 2016, каналот ги обновил Викинзите за петта сезона од 20 епизоди, која премиерно ќе се прикаже на 29 ноември 2017. На 12 септември 2017, во пресрет на петтата сезона, серијата беше обновена за шеста сезона, која ќе се состои од 20 епизоди.