Викивидови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викивидови (анг. Wikispecies) — семрежен проект на основа на вики со поддршка од Фондацијата Викимедија. Има за цел да создаде опширен слободен каталог на сите видови и е наменет пред сè за научници наместо за пошироката јавност. Џими Велс, почесен претседател на Фондацијата Викимедија, изјавил дека уредниците не мора да ги поднесуваат нивните дипломи, но дека придонесите треба прво да поминат стручен преглед.[1][2] Викивидовите се лиценцирани со ГНУ-овата лиценца за слободна документација и CC-BY-SA 3.0.
Екранска снимка на почетната страница на Викивидови на 7 декември 2008 г. | |
Вид место | Именик на видови |
---|---|
Сопственик | Фондација Викимедија |
Создавач | Бенедикт Мандл (предложил во 2004); Џими Велс и заедницата на Викимедија |
Адреса | species.wikimedia.org |
Комерцијално | Не |
Зачленување | По избор |
Проектот е започнат во август 2004 г. со покана за учество до биолози ширум светот,[3] и досега има прераснато во поголем систем врз основа на Линеевата таксономија со врски до статии за поединечни видови Википедија, воспоставени во април 2005 г.[2]
На 10 октомври 2006 г., проектот надминал 75.000 статии, а на 20 мај 2007 г. надминал 100.000 статии со вкупно 5.495 регистрирани корисници. на 8 септември 2008 г. Викивидовите броеле 150.000 статии и вкупно 9.224 регистрирани корисници.
На 23 октомври 2011 г., достигната е бројката од 300.000 статии.