Видуше
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Видуше (многу често сретнувано и како Видуша) — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.
Видуше Видуша | |
Поглед на селото | |
Координати 41°39′33″N 20°35′27″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Долна Река |
Население | 37 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1255 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07012 |
Надм. вис. | 1.110 м |
Видуше на општинската карта Атарот на Видуше во рамките на општината | |
Видуше на Ризницата |
Видуше се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, меѓу десната страна на реката Радика и источната падина на планината Дешат, чиј атар се издига до сртот на планината, каде што на тесен дел се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.110 метри.[2]
Селото е сместено на средно висока тераса, над реката Радика, а под Вели Врв.[3] Оддалечено е 11 километри од општинското средиште Ростуше, 28 километри северно од Дебар и 48 километри југозападно од Гостивар.
Како месности во атарот на селото се сретнуваат следниве: Бела Вода, Осој, Аџинова Ливада, Бара, Касаново Бачило, Св. Недела, Вели Врх, Студени Извор, Лазишче, Свитурица, Биљаково, Абдиов Дол, Куќериче, Старо Село, Лопушник, Јаловарска Планина, Шутароска, Зверина, Стара Кула и Иноска.[3]
Селото има збиен тип и е поделено на две маала, Пировци и Село.[3]
Видуше првпат се споменува во пописните дефтери во 1467 година како христијанско село со 4 семејства. Потоа се споменува и во 1536/39 година со 14 христијански семејства и 1 неженет. Првпат како муслиманско село е забележано во пописните дефтери од 1583 година, каде се регистрирани 10 семејства и 6 неженети.
Од месностите Куќериче и Старо Село, може да се заклучи дека селото било преместувано низ текот на годините. Селаните на Жировница, пак, споменуваат дека таму некогаш се наоѓале нивните кошари, па така настанало селото Видуше.[3]
Во XIX век, Видуше било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Селото зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина 615,2 хектари, пасиштата заземаат 38,5 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 52,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Видуше е село со 30 домаќинства и 75 жители.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 320 Македонци-муслимани.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Витуше се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 57 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Селото е мало и во 1961 година броело 225 жители, кои повеќето се изјасниле како Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 207 жители, од кои 92 биле Македонци, 62 Турци, двајца Албанци и 51 останат.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Видуше живееле 185 жители, од кои:[9]
* Жителите кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 2 Македонци, 1 Албанец, 9 Турци, 13 останати и 12 лица без податоци.[10]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Видуше:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 407 |
1953 | 273 | 46 | 138 | 1 | — | 458 |
1961 | 1 | 0 | 222 | 2 | — | 225 |
1971 | 2 | 0 | 231 | 0 | — | 233 |
1981 | 4 | 0 | 50 | 163 | — | 217 |
1991 | 82 | 1 | 0 | 115 | — | 198 |
1994 | 92 | 2 | 62 | 51 | — | 207 |
2002 | 152 | 9 | 24 | 0 | — | 185 |
2021 | 2 | 1 | 9 | 13 | 12 | 37 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Во Видуше отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Видуше живееле македонски муслимански родови, за чие потекло не се знае.[3]
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Жировница, во која покрај Видуше се наоѓале и Болетин, Врбјани и Жировница. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на Општина Жировница, во која влегувале селата Болетин, Видуше и Жировница.
Во селото постои избирачкото место бр. 0475 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.