![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/60/KomitiSkopje2023.jpg/640px-KomitiSkopje2023.jpg&w=640&q=50)
Вечно дерби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вечно дерби, познато и како Македонско дерби или Дерби на Македонија — името дадено на натпреварите помеѓу двата најпопуларни клуба од Македонија, скопскиот ФК Вардар и битолскиот ФК Пелистер,[1] поддржани од Комити Запад и Чкембари соодветно, при што навивачите на моменти неславно се занимаваат со хулиганство за време на дербито.[2][3]
| ||||
Други имиња | Македонско дерби Дерби на Македонија | |||
---|---|---|---|---|
Регион | ![]() (Скопје и Битола) | |||
Екипи | Вардар Пелистер | |||
Прв натпревар | Пелистер 1–1 Вардар (официјален) (5 август 1990) | |||
Последен натпревар | Вардар 1–1 Пелистер (Втора лига) (9 мај 2023) | |||
Стадиони | Национална арена „Тоше Проески“ (Вардар) Петар Милошевски (Пелистер) | |||
Статистика | ||||
Вкупно натпревари | 78 | |||
Најмногу победи | Вардар (42) | |||
Највисока победа | Вардар 7–0 Пелистер (8 мај 1996) |
Ривалството може да се проследи наназад во сезоната 1989/1990 и мечот во Скопје, помеѓу ФК Вардар и Црвена Звезда од Белград. Дошло до конфликт меѓу „скопјани“ и неколку битолчани кои отишле да навиваат за Вардар, кој во тоа време бил најпопуларниот македонски фудбалски клуб во поранешна Југославија. На 5 август 1990 година во Битола се сретнале Пелистер и Вардар во југословенската втора лига и се случил првиот инцидент. Од тој ден, започнало големото ривалство меѓу Комити и Чкембари со тоа што натпреварот Вардар — Пелистер станал вечното дерби на Македонија.[4][5][6]
Сепак, ривалството најмногу се игра на трибини, а не толку многу на фудбалкиот терен, бидејќи Вардар има многу повеќе титули отколку битолскиот противник. Во денешно време натпреварите имаат помал број на посетеност, бидејќи и Пелистер и Вардар играле неколку сезони во македонската Втора лига, така што ривалството ја изгубило својата поранешна важност. Заклучно со мај 2018 година, од формирањето на македонскиот шампионат во 1992 година досега се одиграни вкупно 68 дербија, при што Вардар победил на 38, а Пелистер 14 натпревари, додека 16 натпревари завршиле нерешено.[7]