Ветерница
направа која ја претвора ветерната енергија во вртежен облик за корисна работа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ветерница — конструкција која ја претвора енергија на ветрот во вртежна енергија со помош на лопатки или ножеви.[1][2] Во минатото, ветерниците се употребувале за мелење жито, пумпање вода или и за двете. Повеќето од современите ветерници го добиваат изгледот на ветерни турбини за производство на електрична енергија, или ветерни пумпи за пумпање вода, како и за дренажа на земјиштето или за црпење на подземните води.