Вера (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вера (герм. Werra) — река во средна Германија, една од двете изворни реки на Везер. Извира кај Ајсфелд во јужниот дел на покраината Тирингија. Долга е 293 км, по што се спојува со реката Фулда во Хановерски Минден, образувајќи го Везер.
Течение на реката Вера | |
Место | Тирингија, Хесен, Долна Саксонија) Германија |
---|---|
Должина | 299,6 км [1] |
Извор | на Езелсберг и Блесберг 50°29′59″N 10°57′53″E |
Висина на изворот | 797 м над м.н. |
Утока | спој со Фулда во Хан. Минден, образувајќи го Везер 51°25′16″N 9°38′57″E |
Висина на утоката | 116,5 м над м.н. |
Спуст | 680,5 м |
Слив | Везер |
Одлив | Везер → Северно Море |
Слив | 5.496 км2 |
Истек[2] | Просечен среден: 14,0 м3/с Мајнинген 23,6 м3/с Фаха 30,9 м3/с Герстунген 40,6 м3/с Франкенрода 46,5 м3/с Алендорф 51,2 м3/с Хан. Минден |
Десни притоки | Шлојзе, Хазел, Херзел |
Леви притоки | Улстер, Фелда, Вере |
Помали градови | Мајнинген, Ајзенах, Ешвеге, Хан. Минден |
Паланки | Бад Залцунген, Фаха, Кројцбург, Трефурт |
Поважни мостови | „Фаха“, „Кројцбург“, „Хершел“ |
Пловност | 89 км; на места моторни чамци, но не насекаде |
Долината на Вера претставува природна граница помеѓу масивот Рен и Тириншката Шума. Забележителности во ова место се шумата Ајбен кај Дермбах, „пештерата од приказните“ кај Валдорфд, најдлабокото езеро во Германија образувано со спуштање на тлото (кај Бернсхаузен) и рушевините на замокот „Крајенбург“ (VIII век).
По течението на Вера се среќаваат следниве поважни населени места: Хилдбургхаузен, Мајнинген, Бад Залцунген, Тифенорт, Меркерс-Кизелбах, Херинген, Филипстал, Герстунген, Ванфрид, Ешвеге, Виценхаузен и Хан. Минден.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.