Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Натпреварите во велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро ќе се одржат на четири собиралишта за осумнаесет дисциплини од 6 до 21 август.
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам![]() | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам![]() | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам![]() | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX![]() | ||||
BMX | мажи | жени |
Собиралиштата ќе бидат тврдината Копакабана како место за почеток и крај на друмската трка,[1] Понтал за хронометарските трки, Олимпискиот велодром Рио за велодромските настани,[2] олимпискиот центар за BMX и планинскиот центар, обете во Деодоро.[3]
Велосипедските дисциплини се присутни на секоја Олимпијада од првите современи игри во 1896 година, заедно со атлетиката, гимнастиката, мечувањето и пливањето.
Од игрите во 1896 година со пет велодромски дисциплини и една друмска трка од Атина, постепено на игрите биле вклучувани женските дисциплини, планинскиот велосипедизам и BMX со што моментално има осумнаесет дисциплини.
Во февруари 2013 година, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) објавил дека има намера да поднесе барање до МОК за проширување на велосипедската програма за три дисциплини за мажи и жени: враќање на бодовната трка (велодромски велосипедизам), слободен стил (BMX) и планински елиминатор, но во август 2013 година МОК изјавил дека велосипедската програма ќе биде иста како во 2012 година.[4]