Варници (Демир Капија)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Варници или Манастир — археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Претставува населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. На 2 км источно од центарот на Демир Капија, во Клисурско Маало, над десниот брег на Вардар на стариот магистрален пат се издига стрмен рид. На него се наоѓа месноста Манастир на која се откриени најстарите траги од живеење, од почетокот на антиката. Во периодот 1948/54 Aрхеолошкиот музеј вршел ископувања и притоа открил остатоци од профана архитектура од римското време, ѕидани гробници од V до VI век, како и 30 гроба од средниот век. Откопан е и поголем дел од старохристијанска базилика, чиј централен дел бил во употреба и во средниот век. Најдени се и римски монети од XII до XIII век и камена икона со претстава на светителот Јован Претеча. Во северозападното подножје на ридот се наоѓа месноста Варници во која се откриени гробови од римското време.[1]
„Манастир - Варници“ | |
| |
| |
Местоположба | 41°24′00″N 22°14′00″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Демир Капија |
Општина | Демир Капија |
Тип | |
Период | римско време |
доцноантичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |