From Wikipedia, the free encyclopedia
Варистор — полуспроводнички керамички нелинеарен отпорник.[1]
Нелинеарните мрежи се состојат од елементи чија напонско-струјна одлика не е линеарна. На примерот на жарулка со волфрамово влакно, може да се забележи дека промената на отпорот е последица на промената на температурата на влакното.
Нелинеарните елементи може да се поделат во две главни групи.
Најпознат пример за оваа група елементи се термисторите. За овие елементи, својството дека нелинеарноста е последица на промените во работните услови не е суштинско својство. На пример, ако ги одржуваме спроводниците на прилагодлив начин на константна температура, нивниот отпор не се менува со промената на струјата низ нив. Меѓутоа, ако нивната температура не се одржува константна (што обично е случај во пракса), тие се нелинеарни, бидејќи нивната температура и отпор се менуваат со промената на струјата.
Нелинеарноста на овие елементи е нивна суштинска одлика. Оваа група ги вклучува сите т.н. полуспроводнички елементи, како што се транзистори, полуспроводнички диоди (германиумови диоди, силициумови диоди, итн.), сите вакуумски и гасни цевки, како и некои полуспроводнички керамички отпорници.[3]
Нелинеарните отпорници со симетрични напонско-струјни одлики се делат на[4]:
Својствата на таквите отпорници не зависат од насоката на струјата низ нив, односно од напонот помеѓу нивните краеви. Нелинеарни елементи чии одлики се асиметрични се од големо значење, особено ако асиметријата е многу изразена. Оваа група вклучува различни видови на полуспроводнички и вакуумски диоди.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.