Варење (слатко)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Варење или варења - слатко (руски: варенье, белоруски: варэнне/варэньне, украински: варення) е популарен начин на конзервирање на овошјето кој е широко распространет во Источна Европа (Русија, Украина, Белорусија), како и во Балтичкиот регион (литвански: uogienė, латвиски: ievārījums, естонски: moos) Се прави со готвење на бобинки или други овошја, или пак поретко ореви, зеленчук и цвеќиња во шеќерен сируп.[1][2] Во некои традиционални рецепти, наместо шеќер, како додаток се користат други засладувачи, како мед или меласа.
Варење е слично на џемот, само што овошјето не е мацерирано и не се додава згуснувач. Се одликува со густ, но проѕирен сируп кој има природна боја на овошјето.