Валонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валонскиот (Walon) е романски јазик, од подгрупата на оилски јазици. Јазикот бил доминантен јазик во Валонија, Белгија, но се зборувал и во некои места во северна Франција и во делови од Висконсин, САД[1]. Најпознат сроден јазик на валонскиот е францускиот.
Валонски | |
---|---|
Walon | |
Застапен во | Белгија, Франција, САД |
Подрачје | Валонија |
Говорници | проц. 1.120.000 (1998) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | wa |
ISO 639-2 | wln |
ISO 639-3 | wln |
Linguasphere | 51-AAA-hf |
Валонскиот јазик има богата книжевност и бил распространет во Валонија и регионот, но од 1756 година употребата на јазикот значително се намалила. Ова е како директна последица на француското анектирање на Валонија. Со потпаѓањето на Валонија под француска управа, доминантен јазик станал францускиот.[2] По Втората светска војна, училиштата држеле настава на француски јазик, и се деградирала употребата на валонскиот јазик. Во 1952 година започнало да се воведуваат казни за употребата на јазикот во училиштата. Така, јазикот сè помалку се користел од луѓето во Валонија и тоа довело валонскиот јазик да стане скоро мртов јазик. Денес ретко се зборува на валонски, особено од страна на младите. Во 1996 година се проценило дека јазикот може да го зборуваат од 1 до 1,3 милиони луѓе.[3]
Поголем број невладини организации, особено театрите, работаат на зачувување на јазикот. На владино ниво, валонскиот е официјално признат како „регионален староседелски јазик“. Во 1990-те се основал единствен правопис.