Валентино Роси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Валентино Роси (16 февруари 1979 , Урбино) — италијански професионален мотоциклист и повеќекратен светски шампион во Мото ГП. Тој е еден од најуспешните мотоциклисти со девет светски гран-при првенства зад неговото име – седум од нив се во премиер-класата (кралската класа).
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Следејќи ги стапките на неговиот татко Грацијано Роси, Валентино почна да се трка во гран-при во 1996 година за фабричкиот тим на Априлија во категорија до 125 cc и ја освои својата прва титула во светското првенство уште следната година. Оттаму се префрли во категоријата до 250 cc во фабричкиот тим на Априлија и го освои светското првенство во 1999 година. Во 2001 година го освои светското првенство до 500 cc со тимот на Хонда, а во 2002 и 2003 година ги освои Mото GP светските првенства, исто така со тимот на Хонда. По напуштањето на тимот на Хонда и приклучувањето во тимот на Јамаха ја продолжува својата серија на освојување на првенствата едноподруго во 2004 и 2005 година и повторно ја освојува титулата во 2008 и ја сочувува во 2009 година. Тој си оди од тимот на Јамаха и за да му се приклучи на тимот на Дукати во сезоната 2011.
Роси е прв на списокот на сите времиња со 79 победи во категоријата до 500cc/Мото ГП и втор на списокот на севкупни победи со 105 победи (зад Џакомо Агостини со 122).