From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурманска Плоча — мала тектонска плоча во Југоисточна Азија, понекогаш сметана за дел од поголемата Евроазиска Плоча. На неа се наоѓаат Андаманските и Никобарските Острови и северозападна Суматра. Овој островски лак го дели Андаманското Море од главнината на Индискиот Океан на запад.
Бурманска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Површина | 1.100.000 км2 |
Движење1 | северно |
Брзина1 | 46 мм годишно |
Опфаќа | Андаманско Море |
1Во однос на Африканската Плоча |
На исток се наоѓа Сундската Плоча, од која е одделена со трансформна граница која минува во правец север-југ низ Андаманското Море. Оваа граница е граничен центар на ширење на морското дно кој довел до отворањето на Андаманското Море (од јужен правец) со истиснување на андаманско-никобарско-суматранскиот островски лак од копнена Азија почнувајќи пред 4 милиони години (мг).
На запад е многу поголемата Индиска Плоча, која се подвлекува под западната страна на Бурманската. Оваа пространа подвлекувачка зона ја образувала Сундската Бразда.
Движејќи се северно, Индоавстралиската Плоча се судрила со Евроазија во процес кој почнал во еоценот, пред 50–55 мг. Овој судир со Азија предизвикал орогенетско издигање одговорно за настанокот на Хималаите, како и распарчување на Индоавстралиската Плоча на денешните Индиска, Австралиска и можеби Јарчева Плоча.[1]
Како што Индиската Плоча се поместувала на север со релативно голема брзина од 16 см годишно, истата се вртела налево. Поради овие движења, приближувањето долж источната плочна граница (бурманско-андаманскло-малајското подрачје) Со Евроазија се одвивало под кос агол.
Трансформните сили долж оваа подвлекувачка предница го започнале надесното виткање на Сундскиот Лак; во доцниот олигоцен (пред 32 мг) дошло до понатамошно раседнување, со што Бурманската и Сундската Плоча почнале да се отцепуваат од поголемата Евроазиска Плоча.
По понатамошна низа на трансформно раседнување и постојаното подвлекување на Индиската Плоча под Бурманската, задлачното ширење предизвикало образување на рабната котлина и центарот на ширење на морското дно кој подоцна станал Андаманското Море. Овој процес веќе наголемо се одвивал во средниот плиоцен (3–4 мг).
On 26 декември 2004 г. дошло до пролизгување на голем дел од границата меѓу Бурманската и Индската Плоча, предизвикувајќи голем земјотрес и цунами.[2] Овој мегаземјотрес имал моментна магнитуда од 9,1–9,3 Mw.[3] Преку 1.600 км од границата претрпела навлекување и се поместила 5 м во вертикала и 11 м во хоризонтала.[3] Ова нагло накачување на морското ниво во рок од седум минути[3] создало огромно цунами кое одзело 229.800 човечки животи на индоокеанскиот брег.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.