Буринец
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Буринец — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Стогово.
Буринец | |
Поглед на селото Буринец | |
Координати 41°23′43″N 20°37′1″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Малесија |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6337 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26045 |
Надм. вис. | 1.020 м |
Буринец на општинската карта Атарот на Буринец во рамките на општината | |
Буринец на Ризницата |
Името на селото првпат е споменато како „Порловец“ во 1583 година. Името потекнува од личното име „Бурин“ или од „Бохор“. Други извори даваат објаснување и дека потекнува од личното име „Бурја“. Покрај објаснувањата за личните имиња, Видоески наведува дека името потекнува „бура“, односно силна вода, поројна вода.[2]
Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните огранки на планината Стогово.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри.[3]
Селото во минатото претставувало издвоено маало на селото Селци.
Во XIX век, Буринец било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[3]
Селото има сточарско-шумарска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според весникот „Дебарски глас“ од 1911 година, Селци-Буринец имало 150 жители Македонци христијани.[4]
Селото е целосно раселено по 1982 година, кога што броело двајца жители, Македонци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Буринец немало жители.[6]
Во 2018 година бил забележан еден постојан жител во селото.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Буринец живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 152 | 148 | 36 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Буринец било чисто македонско православно село, кое денес е раселено.
Родови во селото биле следните: Калиновци (4 к.), Душковци (2 к.), Мојсовци (1 к.), Кочковци (1 к.) и Глогуњовци (1 к.), овие родови биле староседелски; Чадиновци (4 к.), доселени однекаде; Торбовци (5 к.), Пеповци (3 к.) и Старковци (3 к.), доселени се од некогашното село Бурлица, кое постоело во Малесија и Сиљановци (1 к.), доселени се од селото Лисолај, Битолско.[12]
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Буринец, се наоѓале и селата Дренок, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Буринец било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.