Британско кралско семејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Британското кралско семејство е група луѓе во блиско сродство со британскиот монарх. Иако не постои строга правна дефиниција за тоа кој може да биде член на ова семејство , и разни списоци вклучуваат разни луѓе, оние што се ословуваат како Негово или Нејзино Височество (НВ) или Негово или Нејзино Кралско Височество (НКВ.) се сметаат за членови. Во овие спаѓаат:
- Британскиот Суверен (крал или кралица)
- придружбата на Суверениот (негов или нејзин сопружник)
- вдовци на претходни Суверени
- децата на Суверениот
- внуците на Суверениот (принцови и принцези) по машка линија
- сопружници и вдовци на децата на Суверениот, како и внуци по машка линија
- пред 1917 год, правнуците по машка линија.
Многу милиони луѓе се на некој начин во подалечно сродство со британското кралско семејство по пат на кралско потекло.
Моменталните членови на британското кралско семејство ѝ припаѓаат на династијата Виндзор.