Британска Индоокеанска Територија
зависна островска територија на Обединетото Кралство во Јужна Азија From Wikipedia, the free encyclopedia
зависна островска територија на Обединетото Кралство во Јужна Азија From Wikipedia, the free encyclopedia
Британска Индоокеанска Територија или БИОТ (англиски: British Indian Ocean Territory или BIOT) — прекуморска територија на Обединетото Кралство во Индискиот Океан на подеднаква оддалеченост од Танзанија и Индонезија, а непосредно на југ од Малдивите. Територијата опфаќа седум атоли од архипелагот Чагос сочинет од поголем број острови (од кои педесетина забележителни) со вкупна површина од 60 км2.[5] Најголем и најјужен остров е Диего Гарсија (27 км2) каде е сместена заедничката воена база на Британија и САД.
Британска Индоокеанска Територија British Indian Ocean Territory
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: In tutela nostra Limuria (латински) („Лемурија е под наша закрила“)[1] |
||||||
Химна: „Боже, чувај го Кралот“ Територијална песна: „Ти се заветувам, земјо моја“ |
||||||
Местоположбата на Британската Индоокеанска Територија (заокружена со црвено) |
||||||
Главен град (населба) | Диего Гарсија | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности (2001) |
|
|||||
Уредување | Владение под уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Комесар | Бен Мерик | ||||
• | Управник | Линзи Билинг[3] | ||||
• | Министер[a] | Тарик Ахмад | ||||
Основана | во 1965 г. | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 54,400 км2 | ||||
• | Вода (%) | 99.89 | ||||
• | Земјишна | 60 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за нетрајно нас. во 2012 г. | ~ 2.500 воени лица и цивилни работници | ||||
• | Густина | 58.3 жит/км2 [4] | ||||
Валута | ||||||
Часовен појас | UTC+6 | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .io | |||||
Повик. бр. | +246 | |||||
а. | ^ Министер за надворешни работи со надлежност врз британските прекуморски територии. |
Единствените жители на територијата се американски и британски воени лица и добавувачи, кои заедно сочинуваат околу 2.500 (2012).[4] Од 1968 до 1973 г. британската влада спровела присилно иселување на сето домородно население од архипелагот (околу 2.000 Чагошани), преместувајќи ги во Маврициус и Сејшелите со цел да овозможи изградба на американско- САД-британска воена база. Истераните Чагошани до денес прават напори да се вратат во татковината, оспорувајќи го одземањето на нивната територија како бесправно.[8][9] Островите не се достапни за јавноста и медиумите.
Почнувајќи од 1980-тите, владата на Маврициус прави обиди да го поврати архипелагот Чагос во своја власт, а кој е одделен од британската колонија Маврициус од самото Обединето Кралство во 1965 г. создавајќи ја Британската Индоокеанска Територија. На 23 јуни 2017 г. Генералното собрание на ООН донело одлука во полза на разрешување на спорот во Меѓународниот суд на правдата со цел расчистување на правниот архипелагот Чагос во Индискиот Океан.[10][11] Во февруари 2019 г. судот донел одлука дека Британија треба да му го врати островите на Маврициус поради нивното бесправно одземање во 1965 г., иако оваа пресуда не е правосилно обврзувачка.[12]
Чагос им е одамна познат на малдивските морепловци,[13] кои го нарекувале Фулавахи или Холхаваи (второто име во поблиските Јужни Малдиви). Според јужномалдивските преданија, се случувало трговците и рибарите да залутаат по морето, насукувајќи се на некој од островите на Чагос, но потоа да бидат спасени. Сепак, се сметало дека овие острови се предалеку од малдивската круна за да бидат трајно населени, па Чагос останал занемарен со векови.
Островите на архипелагот Чагос првпат се исцртани на карта од португалскиот морепловец Васко де Гама кон почетокот на XVI век. Во XVIII век станал посед на Франција како дел од владението Маврициус. Првпат се населени во истиот век африкански робови и индиски договорни работници донесени од француската колонијална управа на Маврициус за да го развиваат одгледувањето на кокосови палми.[14] Во 1810 г. Британија го зазела Маврициус, и истиот ѝ е формално отстапен согласно одредбите на Парискиот мировен договор.
Во 1965 г. Британија го одвоила архипелагот Чагос од Маврициус и островите Алдабра, Фаркуар и Дерош од Сејшелите, создавајќи ја Британската Индоокеанска Територија со цел изградба на заеднички касарни и постројки за британската и американската војска. На 8 ноември истата година островите се формално прогласени за прекуморска територија на Британија[15] На 23 јуни 1976 г. Алдабра, Фаркуар и Дерош им се вратени на Сејшелите со нивното осамостојување. Денес БИОТ се состои само од шесте главни островски групи на архипелагот Чагос.
Во 1990 г. е воведено знамето на БИОТ, кое го има британското знаме во кантонот, сино-бели кривулести линии (симбол на Индискиот Океан) и палма над британската круна.[16]
Како територија на Британија, шеф на државата е британскиот монарх. Територијата нема крунски управник (намесник) бидејќи нема цивилни жители. Шефови на управата се Комесарот и Управникот, кои живеат во Британија. Како претставник на комесарот се јавува офицерот кој заповеда со британскиот одред сместен на островот.
На Британската Индоокеанска Територија владее британското територијално право согласно уставната наредба од 2004 г.[17] според која комесарот има целосна правна надлежност врз територијата со можност за донесување на закони и прописи по свое наоѓање.[3][18] Доколку комесарот не донесе закон по дадена проблематика, на територијата важат законите во Англија согласно уредбата од 1983 г.[19] Меѓутоа, бидејќи речиси сите жители на БИОТ се американски воени лица, во практика кривичните престапи се решаваат согласно американското воено право.
Употребата на воената база се води според применливите договори помеѓу Британија и САД. Сите фанзивни дејства преземени од САД треба најпрвин да се одобрат од британската држава.
Територијата претставува архипелаг од 55 острови,[3] од кои најголем е Диего Гарсија, кој зафаќа речиси половина од копнената површина. Земјиштето е рамно и мошне ниско, не повеќе од 2 м наморска височина. Климата е тропска приморска — топла и влажна, ублажена од пасати.[20] Во 2010 г. околу островите е прогласен морски резерват на површина од 545.000 км2.[21]
Со исклучок на еден пат со две ленти, највеќето острови немаат никакви патишта.[20] Диаго Гарсија има краток асфалтиран пат од пристаништето до аеродромот; останатиот сообраќај се одвива со велосипед.[5][20] Аеродромот е сместен на воената база во Диего Гарсија и има должина од 3.000 метри, оспособен за тешки американски бомбардери како „Боинг Б-52“ или шатл во случај на прекин на мисија.[22] Има и поголемо пристаниште.
Долж главниот пат собраќа автобус.[23]
Некогаш на островот имало многу колски патишта со шини теснолинејки по кои се превезувал кокосот со магарешка запрега. Денес истите не се употребуваат и се во мошне лоша состојба.[24]
Во 2006 г. вкупното население броело 4.000 жители, од кои 2.200 биле американски воени лица или изведувачи, 1.400 филипински работници, 300 маврициски договорни работници и 100 британски војници.[2] Се смета дека оваа бројка е значајно опадната по прекинот на американските бомбардирања во август 2006 г.
Сите стопански дејности се одвиваат во Диего Гарсија, каде се сместени здружените англо-американски касарни и постројки, изградени по присилната преселба на домородните Чагошани во Маврициус. Во 1995 г. на островот живееле околу 1.700 британски и американски воени лица и 1.500 цивилни работници.
Градежните работи и услужните дејности за потребите на војската ги вршат воените служби и договорно најмени лица од Британија, Маврициус, Филипините и САД. На островите не се одвива производство или земјоделство. Сè до создавањето на морскиот резерват, територијата имала годишен приход од милион долари стекнати со издавање на дозволи за стопански риболов на бродови од други места.[25]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.