Британска Индија
владение на британската круна / From Wikipedia, the free encyclopedia
Британска Индија или Британски Раџ (од хинди rāj: кралство, царство, држава или империја) [2] ― владеење на британската круна со поголемиот дел од индискиот потконтинент[3] кое траело од 1858 до 1947 година.[4] Регионот понекогаш не официјално се нарекувал и Индиско Царство.[5]
Индија | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Политичките подединици на Индиската Империја, во 1909 | |||||
Главен град | Калкута[1] (1858–1911) Њу Делхи (1911/1931–1947) | ||||
Уредување | Британска колонијална власт | ||||
Крал / Кралица | |||||
- | 1858–1901 | Викторија | |||
- | 1901–1910 | Едвард VII | |||
- | 1910–1936 | Џорџ V | |||
- | 1936 | Едвард VIII | |||
- | 1936–1947 | Џорџ VI | |||
Поткрал | |||||
- | 1858–1862 (прв) | Чарлс Кенинг | |||
- | 1947 (последен) | Луис Монтбетен | |||
Историја | |||||
- | Основана | 2 August 1858 | |||
- | Замрела | 18 јули 1947 | |||
Валута | Индиска рупија | ||||
Под името „Индија“, таа била основачка членка на Лигата на нации, држава учесник на Летните олимписки игри во 1900, 1920, 1928, 1932 и 1936 година, и основачка членка на Обединетите нации во Сан Франциско во 1945 година.
Овој систем на управување бил воспоставен на 28 јуни 1858 година, кога по Индискиот бунт од 1857 г, британската Источноиндиска компанија своето владеење со потконтинентот го префрлила на круната претставувана од кралицата Викторија[6] (која, во 1876 година, била прогласена за Царица на Индија). Траел до 1947 година, кога Британскиот Раџ бил поделен на две суверени доминионски држави: Унија на Индија (подоцна Република Индија) и Доминион Пакистан (подоцна Исламска Република Пакистан и Народна Република Бангладеш). На почетокот на Раџот во 1858 година, Долна Бурма веќе била дел од Британска Индија; Горна Бурма била додадена во 1886 година, а по обединувањето Бурма била управувана како автономна провинција до 1937 година, кога станала посебна британска колонија, стекнувајќи сопствена независност во 1948 година. Во 1989 година била преименуван во Мјанмар.