Бошњачко-хрватската војна беше вооружен конфликт во времето на Војната во БиХ помеѓу бошњачките сили предводени од Армија на Република Босна и Херцеговина и хрватските сили предводени од ХВО и потпомогнати со регуларната војска на Република Хрватска, која кулминираше при крајот на април 1993. година и траеше сè до потпишувањето на Вашингтонски договор во средината на февруари 1994. година.
Војна Воена историја по доба |
---|
Епохи
Борилишта
Организација
Логистика
Списоци
|
Поради вмешаноста на војската на Република Хрватска овој конфликт е во пресудите на Меѓународниот суд за војни злосторства во Хаг карактеризиран како меѓународен конфликт.
Ситуацијата пред конфликтот
Меѓу Хрватите во БиХ постоеле две фракции. Поголемата фракција ја застапуваше идејата на Фрањо Туѓман за етничка поделба на Босна и Херцеговина, додека помалата фракција беше за единствена Босна и Херцеговина. Првата фракција имаше свое упориште во Херцеговина, освен групата на луѓе околу Блаж Краљевиќ во Љубушки, кои се залагаа за единствена Босна и Херцеговина и за сојузништво помеѓу Бошњаците и Хрватите. Од двата хрватски претставници во Претседателството на Република Босна и Херцеговина, Фрањо Борас припаѓаше на херцеговската фракција, а Стјепан Кљујиќ на пробосанската. Фрањо Туѓман од самиот почеток, го фаворизираше ова првото.
Хрватите беа премногу критични во врска со улогата на Бошњаци во хрватската војна, обвинувајќи ги многумина дека останале во ЈНА во текот на цела 1991. и поголемиот дел на 1992. година. Хрватската пропаганда го обвинила командантот на босанската ТО, Сефер Халиловиќ, дека активно учествувал во разурнувањето на Вуковар, што подоцна се докажало како неточно.
Туѓман барал меѓународно признавање на Хрватска во составот на нејзините постоечки граници, а настојуваше да ја подели Босна и Херцеговина. Додека со Уставот на сопствената Република Хрватска тој му го скратил статусот на Србите како конститутивен народ, тој сепак барал таков статус за Хрватите во БиХ.
ХВО добиваше наоружување и друга помош од Загреб, преку ХДЗ од Херцеговина. Мате Бобан, под Туѓмановото покровителство станал de facto водач на Хрватите во БиХ, набрзо отфрлајќи ги нивните дотогашни претставници, Кљујиќ и Борас.
На 13 и 20 јуни 1991 г. Фрањо Туѓман, одржал состанок со претставниците на ХДЗ од Босна и Херцеговина, поточно со претставниците на Херцеговската и Травничката хрватска регионална заедница. Во ноември 1991. Херцеговската и Травничката регионална заедница постигнале договор за целите на хрватскиот народ, што резултираше со документ кој го потпишале членовите на ХДЗ од БиХ Мате Бобан, Дарио Кордиќ, Иван Бендер, Божо Раиќ, Јозо Мариќ и др. Во документот е наведено дека трајно определување на Хрватите во БиХ, заедничка хрватска држава. Бобан прогласил хрватска држава во западна Херцеговина 18. 1991. година под имеро на Хрватската заедница Херцег-Босна со сопствени вооружени сили, кои подоцна, на 28. 1993. година биле преименувани во Хрватска република Херцег-Босна.
Надворешни врски
- The war in Croatia and Bosnia-Herzegovina, 1991-1995 - by Branka Magaš, Ivo Žanić, Noel Malcolm
- James Mason, photographs: War in Central Bosnia
- ICTY: Prlić et al. Initial Indictment - The Joint Criminal Enterprise (Herzeg-Bosnia case)
- ICTY: Initial indictment for the ethnic cleansing of the Lasva Valley area - Part I Архивирано на 9 јануари 2009 г.
- ICTY: Initial indictment for the ethnic cleansing of the Lasva Valley area - Part II Архивирано на 13 октомври 2007 г.
- ICTY: Kordić and Čerkez verdict
- ICTY: Blaškić verdict
- ICTY: Aleksovski verdict
- ICTY: Miroslav Bralo verdict
- ICTY: Naletilic and Martinovic verdict
- HRW: Conflict between Bosnia and Herzegovina and Croatia
- United States Institute of Peace: Washington Agreement Архивирано на 17 мај 2006 г.
- Institute for War & Peace Reporting - Plan to Divide Bosnia Revealed
- The Court of Bosnia and Herzegovina: Paško Ljubičić indictment
- The Court of Bosnia and Herzegovina: Krešo Lučić indictment
- arhivcroTV Архивирано на 4 септември 2011 г. (хрватски) (англиски)
Филмови
- Warriors на Семрежната филмската база на податоци
- The Death of Yugoslavia на Семрежната филмската база на податоци - Part III. The Struggle for Bosnia
Поврзано
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.