From Wikipedia, the free encyclopedia
Бошко Јанковиќ (Белград, 1 март 1984) бил поранешен српски фудбалер. Играл на позицијата како офанзивен играч за врска.
Освоени медали | ||
---|---|---|
Фудбал | ||
Европско првенство до 21 г. | ||
2004 година, Германија | Србија и Црна Гора | |
2007 година, Холандија | Србија |
Бошко Јанковиќ ги поминал сите младински категории во екипата на Црвена ѕвезда.[1] Својот прв натпревар за тимот го одиграл во сезоната 2002/03 додека тренер бил Зоран Филиповиќ. Во таа сезона постигнал три гола на вкупно14 натпревари во првенството. Најчесто настапите му биле како резервен играч од клупата.[2] Првиот гол како првотимец го постигнал на натпреварот од осминафиналето на Купот против составот на Раднички од Пирот во победата од 4:0.[3] Во наредната сезона 2003/04 тој ја имал освоено двојната круна. Одиграл четири натпревари во првенството[4] и два во Купот.[5] Поголемиот дел од сезоната ја поминал играјќи со двојна регистрација и со составот на Јединство од Уб.[6]
Бошко Јанковиќ по враќањето од позајмицата во сезоната 2004/05 станал стандарден првотимец. Тој го привлекол вниманието кон себе во квалификациите за Лигата на шампионите, кога постигнал гол во победата од 3:2 против холандскиот тим на ПСВ. Тој натпревар се одиграл во Белград.[7] Црвена ѕвезда на возвратниот натпревар претрпела тежок пораз (0:5) во Ајндховен и пропуштила уште една шанса да се квалификува во групната фаза од елитното натпреварување. Таа сезона Јанковиќ одиграл вкупно 38 натпреварувачки натпревари и постигнал 11 голови.[2]
Јанковиќ бил меѓу носителите на играта во сезоната 2005/06, кога била освоена двојната круна.[2] Тој заедно со соиграчот Никола Жигиќ биле најефикасните играчи на клубот во првенството со по 12 гола.[8] Црвено-белите стигнале до шампионската титула, додека Купот го освоиле по пресвртот во финалето против составот на ОФК Белград од 0:2 до 4:2.[9]
Јанковиќ ја започнал сезоната 2006/07 во екипата на Црвена ѕвезда. Настапувал во првите две кола во Српската Суперлига, како и во квалификациите за Лигата на шампионите против екипите на Корк Сити и Милан. Откако црвено-белите биле елиминирани во дуелот со клубот на Милан, Јанковиќ преминал во составот на Мајорка.[10]
На крајот на месец август 2006 година, Јанковиќ потпишал петгодишен договор со составот на Мајорка.[10] На почетокот на март 2007 година, на натпревар против составот на Леванте, Јанковиќ го постигнал 10от гол во сезоната. За да ја достигне таа бројка му биле потребни 1609 минути поминати во игра, со што го соборил клупскиот рекорд кој дотогаш го држел камерунецот Самјуел Ето.[11] Во сезоната 2006/07 Јанковиќ на 28 натпревари постигнал вкупно девет гола во дресот на Мајорка во Примера, но и два гола во натпреварувањето од Купот.
На крајот на месец јуни 2007 година, тој потпишал петгодишен договор со составот на Палермо.[12] Првиот гол во новиот клуб на Палермо го постигнал на 20 септември 2007 година против екипата на Млада Болеслав во Купот на УЕФА.[13] Сепак, за разлика од времето поминато во екипата на Мајорка, Јанковиќ во дресот на Палермо бил помалку ефикасен. За Палермо постигнал два гола на вкупно 26 натпревари во Серија А. Првиот гол го постигнал во 23 коло против составот на Каљари, а вториот во последното, 38 коло, против екипата на Сиена. Тој ја започнал и сезоната 2008/09 во екипата на Палермо. Настапил во првото коло од Серија А, но потоа на 1 септември 2008 година заминал како позајмен играч за време од една година во составот на Џенова.[14]
Тој во екипата на Џенова бил од сезоната 2008/09. На 25 одиграни натпревари во Серија А, постигнал четири гола. Џенова во текот на летото 2009 година користела клаузула (додаток, анекс) во договорот врз основа на која може да го откупи претходниот договор на Јанковиќ од Палермо по истекот на периодот во кој настапува како позајмен играч.[15] Во август 2009 година, за време на подготовките со составот на Џенова, Јанковиќ доживеал тешка повреда на лигаментите на коленото, што довело до долга пауза.[16] Се вратил на теренот дури во месец февруари 2010 година, кога настапил на првенствениот натпревар против составот на Удинезе.[17] По тој натпревар Јанковиќ настапил во наредните две првенствени кола, по кои повторно се повредил.[18] Иако првично се мислело дека станува збор за полесна повреда, подоцнежните прегледи покажале дека првата операција не била целосно успешна и дека е потребна нова операција на повредениот менискус.[19] По операцијата, Јанковиќ повторно заминал на подолга пауза, поради што го пропуштил Светското првенство во 2010 година, како и добар дел од есенскиот дел од сезоната 2010/11.
Бошко Јанковиќ повторно се вратил на терените во месец ноември 2010 година, кога насатапил за младинскиот тим на екипата на Џенова, а подоцна и за првиот тим во куп-натпреварот против екипата на Виченца.[20] Во месец јануари 2011 година настапил и во првенствениот натпревар со екипата на Лацио.[21] Таа сезона имал одиграно вкупно шест првенствени натпревари. Наредната 2011/12 сезона ја одиграл без повреди, и остварил 30 првенствени настапи, со шест постигнати голови. Тој настапувал и во сезоната 2012/13 за составот на Џенова, при што во одреден период ја носел и капитенската лента.[22]
Во месец јули 2013 година, Јанковиќ потпишал двегодишен договор со екипата на Верона, која била повратник во најелетната Серија А.[23][24] По две сезони со клубот, тој потпишал нов договор со Верона,[25] а во текот на летото 2016 година го раскинал договорот со овој клуб.[26]
Јанковиќ со младата репрезентација најпрво на Србија и Црна Гора, а подоцна и на Србија настапил на три европски првенства. Првото Европско првенство го играл со селекторот Владимир Петровиќ Пижон во 2004 година во Германија,[27] каде селекцијата на Србија и Црна Гора била поразена во финалето од составот на Италија.[28] Потоа настапил во 2006 година, со тренерот Драган Окука, на првенството во Украина,[29] каде репрезентацијата била поразена во полуфиналето од репрезенатацијата на Украина.[30] Третото Европско првенство, овојпат под знамето на независна Србија, Јанковиќ го играл со селекторот Мирослав Ѓукиќ во 2007 година во Холандија.[31] Младата репрезентација на ова првенство стигнала до финалето каде била поразена од домаќинот Холандија.[32]
За сениорската репрезентација на Србија одиграл 31 натпревар и постигнал пет гола.[33] Својот прв натпревар за сениорскиот тим го имал на 15 ноември 2006 година против составот на Норвешка (1:1) во Белград, а својот прв гол го постигнал на натпреварот против репрезентацијата на Португалија на 28 март 2007 година во квалификациите за Европското првенство 2008 година.[34] Јанковиќ го пропуштил Светското првенство во Јужна Африка 2010 година поради повреда.[19] Последен пат за српската репрезентација настапил на 31 мај 2012 година во Ремс на пријателскиот натпревар против составот на Франција (0:2).[33]
Клуб | Сезона | Лига | Куп натпревари | Европски натпревари | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Црвена ѕвезда | 2002/03 | 14 | 3 | 1 | 1 | 0 | 0 | 15 | 4 |
2003/04 | 4 | 0 | 2 | 0 | 1 | 0 | 7 | 0 | |
2004/05 | 28 | 9 | 4 | 1 | 6 | 1 | 38 | 11 | |
2005/06 | 26 | 12 | 2 | 0 | 7 | 1 | 35 | 13 | |
2006/07 | 2 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | 6 | 0 | |
Вкупно | 74 | 24 | 9 | 2 | 18 | 2 | 101 | 28 | |
Јединство Уб (како позајмен играч) | 2003/04 | 28 | 21 | — | 28 | 21 | |||
Мајорка | 2006/07 | 28 | 9 | 4 | 2 | — | 32 | 11 | |
Палермо | 2007/08 | 26 | 2 | 2 | 0 | 2 | 1 | 30 | 3 |
2008/09 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | 1 | 0 | ||
Вкупно | 27 | 2 | 2 | 0 | 2 | 1 | 31 | 3 | |
Џенова | 2008/09 | 25 | 4 | 1 | 0 | — | 26 | 4 | |
2009/10 | 3 | 0 | 0 | 0 | — | 3 | 0 | ||
2010/11 | 6 | 0 | 1 | 0 | — | 7 | 0 | ||
2011/12 | 30 | 6 | 1 | 0 | — | 31 | 6 | ||
2012/13 | 19 | 4 | 1 | 0 | — | 20 | 4 | ||
Вкупно | 83 | 14 | 4 | 0 | — | 87 | 14 | ||
Верона | 2013/14 | 18 | 2 | 1 | 0 | — | 19 | 2 | |
2014/15 | 18 | 1 | 1 | 0 | — | 19 | 1 | ||
2015/16 | 15 | 1 | 3 | 1 | — | 18 | 2 | ||
Вкупно | 51 | 4 | 5 | 1 | — | 56 | 5 | ||
Вкупно во кариерата | 263 | 53 | 24 | 5 | 20 | 3 | 307 | 61 |
Србија | ||
---|---|---|
Години | Натпревари | Голови |
2006 година | 1 | 0 |
2007 година | 9 | 3 |
2008 година | 9 | 1 |
2009 година | 5 | 1 |
2010 година | 1 | 0 |
2011 година | 3 | 0 |
2012 година | 3 | 0 |
Вкупно | 31 | 5 |
# | Дата | Место | Противник | Голови на играчот | Вкупен резултат | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 28 март 2007 година | Стадион на Црвена ѕвезда, Белград | Португалија | Квалификации за ЕП 2008 година | ||
2. | 2 јуни 2007 г | Олимписки стадион Хелсинки, Хелсинки | Финска | Квалификации за ЕП 2008 година | ||
3. | 17 октомври 2007 година | Стадион Тофик Бахрамов, Баку | Азербејџан | Квалификации за ЕП 2008 година | ||
4. | 31 мај 2008 г | Велтинс Арена, Гелзенкирхен | Германија | Пријателски | ||
5. | 1 април 2009 година | Стадион на Партизан, Белград | Шведска | Пријателски |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.