![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5d/Galleria_borghese_facade.jpg/640px-Galleria_borghese_facade.jpg&w=640&q=50)
Боргеска галерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.
![]() | |
![]() | |
Основан | 1903 |
---|---|
Место | Вила Боргезе, Рим |
Директор | Ана Колива |
Мреж. место | www.galleriaborghese.beniculturali.it |
Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.
Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.
Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,[1] бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.