Болоњски универзитет
универзитет во Болоња, Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитетот во Болоња (италијански: Università di Bologna, UNIBO, латински: Universitas Bononiensis) е најстариот универзитет во светот кој сè уште е активен.[3] Школата за правни науки во Болоња постоеле од 11 век ; историчарите се согласни дека годината на основање е 1088 [4] Основач на овој универзитет бил професорот по право Ирнериј, кој починал во 1125 година. Универзитетот добил повелба од царот Фредерик I Барбароса во 1158 година. Првиот статут датирал уште од 1317 година. Универзитетот брои 23 факултети на кои студираат речиси 100 илјади студенти. По големина тој е трет универзитет во Италија. Покрај Болоња, предавања се одржуваат и во Реџо Емилија и Имола, и уште во 4 други кампуси: Равена, Форли, Чезена и Римини. Универзитетот, исто така, ја вклучува и Школата за извонредност во студирањето, Високиот колеџ и одделението за надворешни работи во Буенос Аирес.
Alma Mater Studiorum – Università di Bologna | |
латински: Болоњски универзитет | |
Гесло | Petrus ubique pater legum Bononia mater[1] (латински) |
---|---|
На македонски | Св. Петар е насекаде таткото на pravoto, Болоња му е мајка |
Вид | државен |
Основан | 1088 |
Ректор | Џовани Молари |
Административен кадар | 2,965[2] |
Студенти | 90,291[2] |
Додипломци | 47,253 |
Постдипломци | 36,266 |
4,239 | |
Место | Болоња, останати: Чезена, Форли, Равена, и Римини |
Кампус | Универзитетски град |
Весник | UNIBO Magazine |
Бои | Црвена |
unibo.it (на италијански) | |
Со над 90.000 студенти, тој е вториот по големина универзитет во Италија после Ла Сапиенца во Рим.[5]
Тој бил првото место на студирање кое го користеле терминот universitas за корпорацијата на студенти и наставници, што ја дефинирало институцијата (посебно нејзиниот правен факултет) која се наоѓа во Болоња. Амблемот на универзитетот го носи мотото Alma Mater Studiorum („Хранливата мајка на студиите“) и датира од 1088 година.[6] Оваа установа има кампуси во Чезена, Форли, Равена и Римини и филијала во странство во Буенос Аирес, Аргентина.[7] Исто така, има школа за извонредност наречена Collegio Superiore di Bologna. Придружниот издавач на Универзитетот во Болоња е Бононија универзитетскиот печат. На универзитетот студирала првата жена која се стекнала со универзитетска диплома и предавала на универзитетот, Бетисија Гокадини, и првата жена која докторирала и стекнала платена позиција како универзитетски професор, Лаура Баси.
Тој е еден од најпрестижните универзитети во Италија и обично е рангиран меѓу најдобрите универзитети во Италија и во светот. Тој е особено познат по студиите по право, по медицина и по природни науки.[8][9] Универзитетот во Болоња имал и централна улога во науката за време на италијанската ренесанса, каде што бил сместен и образован Николај Коперник, како и бројни други ренесансни математичари.[10]