Доктор на науки
академски степен што нема врска со филозофијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Доктор на науки (според македонскиот правопис кратенката е: д-р; латински Philosophiae doctor или Doctor philosophiae) е највисок академски степен што се доделува од страна на универзитетите во повеќето земји во светот. Во однос на латинскиот термин од кој потекнува ова звање треба да кажеме дека зборот филозофија во звањето не се однесува на академската дисциплина филозофија, туку се употребува поширока смисла на зборот кој е поблизок кон изворното негово значење односно како љубов кон мудроста.
Звањето доктори на науки се доделуваат во поголем број на академски полиња. Ова академско звање се добива како резултат на направено/направени истражувања во определена научна област. Кандидатите за ова звање, обично, не е потребно само да демонстрираат експертиза во дадената област. Од кандидатите најчесто се бара, преку оригинални истражувања, да дадат нов оригинален научен придонес во соодветната научна. Стекнувањето на звањето доктор на науки најчесто е услов за вработување како универзитетски професор, истражувач или научник во голем број области.
Поединците кои го имаат стекнато звањето доктор на науки степен и да е, во многу земји во светот го користат звањето Доктор, а во некои земји се користи некоја од варијантите на доктор по филозофија заедно со нивното име.