Богородица (Лагадинско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Богородица (познато и како Ениќој или Јениќој; грчки: Δορκάδα, Доркада; до 1927 г. Γιανίκιοϊ, Јениќој[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 330 жители (2021).
Богородица Δορκάδα | |
---|---|
Стар мост крај селото | |
Координати: 40°53′N 23°6′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лахна |
Надм. вис. | м | 505
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 330 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено во источните делови на планината Круша на околу 30 километри североисточно од Солун над преминот меѓу Богданска Планина и Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 482 метри.
Во XIX век Богородица е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 95 семејства со 110 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 56 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 99 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Доркада.[8]
Во 1928 година селото броело 1090 жители.[9], додека во 1940 година селото броело 1473 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1518 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1417 жители, во 1971 година имало 1198 жители, во 1981 година имало 1274 жители, додека во 1991 година имало 1391 жител[10]. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.473 | 1.518 | 1.417 | 1.198 | 1.274 | 1.391 | 482 | 372 | 330 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.