американски пејач From Wikipedia, the free encyclopedia
Стенли Роберт Винтон (англиски: Stanley Robert Vinton; роден на 16 април 1935) ― американски пејач и повремен глумец, кој исто така имал сопствена истоимена ТВ-емисија во доцните 1970-ти. Една од неговите најпопуларни песни е „Blue Velvet“ (преработка на песната од 1951 година снимена од Тони Бенет) која стигнала до прво место на Billboard Hot 100 во 1963 година и второ место во Велика Британија во 1990 година.
Боби Винтон | |
---|---|
Боби Винтон во 1964 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Стенли Роберт Винтон |
Роден(а) | 16 април 1935 Канонсбург, Пенсилванија, САД |
Жанрови | Поп |
Занимања |
|
Период на активност | 1958–2015 |
Издавачи |
|
Мреж. место | bobbyvinton.com |
Винтон е роден во Канонсбург, Пенсилванија во семејство од полско и од литванско потекло.[1]
На 16 години, Винтон ја основал неговата прва група, кој свирела по клубови во оклината на Питсбург. Со парите кои ги заработувал го финансирал своето образование на Универзитетот Дукенс, каде што дипломирал музичка композиција.[2] Додека учел во Дукенс, научил да свири на сите инструменти во групата: пијано, кларинет, саксофон, труба, тапани и обоа.[3] Откако Винтон станал активен музичар, луѓето ги мешале групите на таткото и синот, затоа што и двајцата се викале Стенли. Неговиот татко му предложил професионално да го користи средното име Роберт за да нема забуни.[4]
Според неговата автобиографија, Боби бил инспириран да сними музика откако го гледал филмот со Елвис Присли, Jailhouse Rock. Во октомври 1958 година основал своја издавачка куќа, Bobby Records. Во март 1959 година, Боби снимал за издавачката куќа Мелоди од Филаделфија, наведен како „Боби Винтон и неговиот оркестар“. Во август 1959 година, Боби се преселил во друга поголема издавачка куќа, Alpine Records. Двете изданија на Alpine биле споменати од списанието Билборд.
Во 1960 година, Винтон потпишал за Epic Records како водач на бендот: "A Young Man With a Big Band". Откако Винтон и неговиот бенд се појавиле на емисијата на Гај Ломбардо за ТВ таленти извидници договорот со Epic бил раскинат.[5] [6] Додека Epic се подготвувале да го исфрлат од списокот на свои изведувачи, Винтон го снимил неговиот прв хит-сингл.[7] Песната била насловена „Roses Are Red (My Love)“.[8] Винтон морал сам да ја промовира песната; купил илјада примероци и ангажирал млада жена да достави копија од плочата и десетина црвени рози на секој локален диџеј.[2] [9] Поминала четири недели на првото место на Billboard Hot 100. Песната исто така била хит на кантри и R&B топ-листите. Успехот на песната го поттикнала Епик да го обнови договорот на Винтон и да го промени неговиот статус од лидер на бенд во соло пејач.[8]
Веројатно, најпозната песна на Винтон е „Blue Velvet“ од 1963 година, прво снимена од Тони Бенет во 1951 година, која исто така поминала три недели на прво место во списанијата Billboard, Cash Box, и Record World. Во 1986 година, 23 години подоцна, по оваа песна Дејвид Линч го нарекол својот филм Син сомот.[8] Во 1990 година, „Blue Velvet“ стигнала до второто место на табелата за синглови во Обединетото Кралство, откако претходно била прикажана во реклама од Нивеа.
Во 1964 година, Винтон имал уште два сингла на прво место, „There! I've Said It Again“ и „Mr. Lonely“ во декември. Верзијата на Винтон на „There! I've Said It Again“ е значајна по тоа што е последниот сингл број еден на американскиот Билборд пред ерата на Битлси, соборен од врвот на Hot 100 од „I Want to Hold Your Hand“. Винтон имал големи хитови и за време на британската инвазија; тој имал 16 топ-десет хита, а Кони Френсис, Рики Нелсон, The Shirelles и други популарни музичари од раните 1960-ти едвај се пласирале дури и во топ-40.
Во 1974 година, Боби ја снимил My Melody Of Love, во специјална верзија во која пеел и полски јазик.[8] Песната станала многу популарна меѓу полската заедница во САД и му го донела прекарот „Полскиот принц“. Во 1975 година, Винтон го започнал неговото успешно получасовно естрадно шоу, The Bobby Vinton Show, кое се емитувало во САД и Канада од 1975 до 1978 година.[10] Во раните 1970-ти, Боби Винтон се обидел во глумата и имал две споредни улоги во филмовите од Џон Вејн Big Jake и Dirty Gold. Во 1979 година тој повторно беше виден во телевизискиот филм „Репортер за скандал“.
Во 1978 година, Винтон ја напишал неговата автобиографија, насловена Полскиот принц, која станала бестселер.
Винтон и неговата сопруга Долорес се во брак од 17 декември 1962 година. Тие живеат во Енглвуд, Флорида и имаат пет деца.[2] [6] Во 2015 година, откако се зарази со сериозен случај на херпес зостер, Винтон се повлекол од настапување во живо и снимање музика.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.