Бирни (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бирни (кирибатски и англиски: Birnie) е мал корален остров во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 20 хектари и е дел од Островите Феникс. Островот се наоѓа 100 километри југоисточно од островот Кантон и 90 километри северозападно од Раваки. Островот Бирни е долг 1.2 километар, а широк е 0.5 километар. На островот нема пристаниште, но плажите се пристапни.