Биполарен споен транзистор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Биполарен споен транзистор или биполарен транзистор – електронска полуспроводничка компонента со засилувачки и прекинувачки особини, вид транзистор. Овој уред е активна компонента со три изводи, а направен е од допиран полуспроводен материјал, може да ги засилува или прекинува електричните сигнали во колото. Биполарните транзистори го добиле своето име затоа што главни носители на електричниот полнеж се и електроните и шуплините, за разлика од транзисторите со ефект на поле кај кои носители на електричниот полнеж се или електроните или шуплините.