Полуспроводник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полуспроводници — кристални тела кај кои степенот на спроводливоста на електричната струја се наоѓа помеѓу металите и изолаторите.
Носители на електричеството низ полуспроводниците во електричното поле се празнините кои се движат во насока на електричното поле и електроните кои се движат во насока спротивна на насоката на електричното поле.
Има 2 вида полуспроводници:
- Н-тип (негативен), полуспроводник кој се добива кога силициум се допингува со атоми со повисок број на валентни електрони од силициум, како на пример петвалентен фосфор.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/92/N_type_semiconductor.png/150px-N_type_semiconductor.png)
- П-тип (позитивен), полуспроводник кој се добива кога силициум се допингува со атоми со помал број валентни електрони од силициум, како на пример тривалентен бор.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/54/P_type_semiconductor.png/150px-P_type_semiconductor.png)