Бинарен код
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бинарен код — систем на претставување на текст или наредби на обработувачот со користење на две цифри од бинарниот броен систем: „0“ и „1“. На пример, бинарна низа од осум цифри (битови) може да претставува било која од 256-те можни вредности и може да соодветствува на најразлични симболи, букви и инструкции. Во 8-битниот ASCII код, малата буква „а“ е претставена со битовата низа 01100001.
Во информатиката и телекомуникациите се користи кај најразлични методи на кодирање на податоците, како на пр. низи од знаци во битови низи. Овие методи можат да бидат со утврдена или со променлива должина (ширина).
Кај бинарниот код со утврдена должина, секоја буква, цифра или друг знак се претставува со битова низа со иста должина; таа битова низа, толкувана како бинарен број, обично се прикажува во кодни табели со октална, десетичен или шеснаесетеречен запис.
Постојат многу множества од знаци и многу кодирања за нив.
Битовата низа, толкувана како бинарен број, може да биде преведена во десетичен број.