Бета блокатор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бета блокатори се класа на лекови кои воглавно се користат во третман на кардијална аритмија, и да го заштитат срцето од следен срцев удар (миокарден инфаркт) после првиот срцев удар (секундарна превенција).[1] Тие исто така се користат во третманот на хипертензија, иако според сегашните водичи (од 2016) не претставуваат прв избор за првичен третман за повеќето пациенти.[2][3]
Кратки факти Употреба, Биолошки таргет ...
Класа на лек | |
Скелетна формула на пропранололот, првиот клинички користен бета блокатор | |
Употреба | Хипертензија, аритмија, и др. |
---|---|
Биолошки таргет | бета рецептори |
ATC код | C07 |
Надворешни врски | |
MeSH | D000319 |
AHFS/Drugs.com | Drug Classes |
Consumer Reports | Best Buy Drugs |
WebMD | medicinenet rxlist |
Затвори
Бета блокаторите се компетитивни антагонисти кои ги блокираат рецепторните места за ендогените катехоламини адреналин (епинефрин) и норадреналин (норепинефрин) на бета адренергичните рецептори.