Берберско макаки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Берберско макаки (науч. Macaca sylvanus)[3] — вид на макаки единствено кое се наоѓа на територија надвор од Азија и има закржлавена опашка.[4] Може да се сретна на падините на планината Атлас во Алжир и Мароко и малубројна популација која била пренесена од Мароко до Гибралтар, берберското макаки е најдобро познат мајмун од Европа species.[5]
Берберско макаки | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Примати |
Семејство: | Старосветски мајмуни |
Род: | Макаки |
Вид: | Берберско макаки |
Научен назив | |
Macaca sylvanus (Linnaeus, 1758)[2] | |
Распространетост на берберското макаки |
Берберското макаки е од интерес бидејќи мажјаците имаат нетипична улога да се грижат за младите. Поради несигурноста наза татковството, мажјаците подеднакво се грижат за сите младенчиња. Општо, Берберските макаки од сите возрасти и пол придонесуваат за грижата на младите.[6]
Исхраната на макикито се содржи претежно од растенија и инсекти во зависност од животната средина. Мажјаците живеат и до 25 години додека пак женките можат да живеат и 30 години.[4] Покрај луѓето, тие се единствените слободни примати во Европа. Иако видот вообичаено се нарекува „Берберски примат“, берберското макаки е всушност вистински мајмун. Неговото име потекнува од Берберското крајбрежје во северозападна Африка.
Берберските макаки кои живеат во Гибралтар се единствената група која живее надвор од Северна Африка и единствените диви мајмуни на тлото на Европа. Во Гибралтар живеат отприлика 230 макаки.[7]