From Wikipedia, the free encyclopedia
Бел воден божур или бел лотос (науч. Nymphaea alba) — водно цветно растение од семејството на водните божури (Nymphaeaceae)[3] застапено во Северна Африка, умерените делови на Азија, Европа и тропска Азија (Индија).[4]
Бел воден божур | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
Ред: | Воднобожуровидни |
Семејство: | Водни божури |
Род: | Воден божур |
Вид: | Бел воден божур |
Научен назив | |
Nymphaea alba L. | |
Синоними | |
Список
|
„Бел воден божур“ на Ризницата ? |
Растението вирее во вода со длабочина од 30-150 см во поголеми бари, мочуришта и езера.
Листовите достигнуваат пречник од 30 см, а секое растение се разлистува во пречник од 1,5 м.[3] Цветовите се бели, со бројни прашници.[5]
Растението прв го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во делото Species Plantarum („Растителни видови“) од 1753 г.[4][6]
Црвената разновидност (Nymphaea alba f. rosea) е воведена откако е откриена на почетокот на XIX век во езерото Фагертерн крај шумата Тиведен во Шведска. Ова довело до прекумерно отстранување на растенијата од дивината сè до нивната заштита со закон.[7]
Снежнобелиот воден божур (Nymphaea candida J. Presl) понекогаш се смета за подвид на белиот воден божур (N. alba L. subsp. candida (J. Presl) Korsh.).[5]
Овие растенија се среќаваат во слатки води ширум Европа, делови од Северна Африка и Блискиот Исток.[5]
Белиот воден божур ги содржи активните алкалоиди нуфарин и нимфеин, кои имаат дејство на седатив. Иако растението се користи во целост, се смета дека најсилно дејство имаат цветните делови. Во минатото, калуѓерите и калуѓерките го толчеле неговиот корен и го ставале во вино; добиениот напиток се пиел како средство за потиснување на половиот нагон (анафродизијак).[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.