Белковинско семејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белковинско семејство е група на еволутивно сродни белковини. Во многу случаи белковинското семејство има складно генско семејство, во која секој ген кодира соодветна белковина во однос 1:1. Поимот белковинско семејство не треба да се меша со поимот семејство кој се користи во таксономијата на организмите.
Белковините кои спаѓаат во истата белковинското семејство имаат заеднички предок и обично имаат слични тридимензионални структури, функции и значителна сличност во низата. Најважна е сличноста во низата (обично аминокиселинската низа), бидејќи таа е најстрогиот индикатор за хомологност, а оттаму и најочигледниот индикатор за заедничко потекло. Сличноста во низите се одредува со методи на порамнување на низите. Белковините кои не споделуваат заеднички предок многу малку е веројатно да имаат статистички значителна сличност во низите, па затоа порамнувањето на низите претставува моќна алатка за идентификација на членовите на белковинските семејства.
Белковинските семејства понекогаш се групираат заедно во поголеми кладови, наречени натсемејства, врз основа на структурни и механистички сличности, дури и ако нема очигледна хомологија во низите.
Досега, дефинирани се над 60,000 белковински семејства,[1] иако понекогаш двосмисленоста на дефиницијата за белковинско семејство предизвикува да различни истражувачи доаѓаат до многу различни бројки.