Белка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белка — проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето.[1][2] Кај кокошките се формира од слоевите на секрети на предниот дел од јајцеводот на кокошката за време на преминувањето на јајцето.[3] Се јавува околу оплодени или неоплодени жолчки. Примарна природна цел на белките е да се заштитат жолчките и да се обезбеди дополнителна исхрана за раст на ембрионот (кога се оплодува). Белката првенствено се состои од околу 90% вода во која се раствораат околу 10% белковини (вклучувајќи албумин, мукопротеин и глобулин). За разлика од жолчката, кој содржи многу липиди (масти), белката речиси и да не содржи маснотии, а содржината на јаглехидрати е помала од 1%. Белките содржат околу 56% белковини во јајцето. Белките имаат многу употреби во храната, како и многу други намени (на пр. во подготовката на вакцини како што се оние против грип[4]).