Бела тресиопашка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белата тресиопашка (науч. Motacilla alba) е мала врапчевидна птица, од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е распространет речиси низ цела Европа и Азија, и во делови на северна Африка. Ја има и во Македонија. Во умерените краишта е постојан жител, но во постудените е птица преселница која зимува во Африка.
Кратки факти Бела тресиопашка, Заштитен статус ...
Бела тресиопашка | |
---|---|
M. alba alba | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Тресиопашки |
Род: | Motacilla |
Вид: | Бела тресиопашка |
Научен назив | |
Motacilla alba Linnaeus, 1758 | |
Затвори
Таа е инсектојадна птица на отворената земја, која претпочита во близина да има вода. Сака голи предели каде може да го види пленот. Во урбаните средини се прилагодува и се храни на поплочените паркинзи. Гнезди во дупките на камените ѕидови и слични вештачки или природни места.