Белата Земја (Пепелиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белата Земја или Трнче — археолошко наоѓалиште во неготинското село Пепелиште. Претставува населба од неолитското, населба со некропола од римското време и средновековна некропола. На 2 км југозападно од селото, непосредно до коритото на реката Вардар, од двете страни на каналот за наводнување, во нивите на ЗИК „Повардарје“ има фрагменти од неолитска керамика, куќен лепеж и орудија од камен и кремен. Во истиот комплекс, во нивата на еден жител се пронајдени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста, а по површината фрагменти од керамички садови премачкани со убав фирнајс, фрагменти од питоси, разновиден градежен материјал и делови од архитектонска пластика. На микролокацијата Стреа во 1980/90 година Народниот музеј од Неготино и Институтот за истражување на старословенската култура од Прилеп извршиле ископување при што се истражиле и документирале 100 гроба од типот циста, со мошне гробен инвентар. Некрополата егзистирала од крајот на X до крајот на XI век.[1]
„Белата Земја“ | |
| |
Местоположба | 41°31′08″N 22°07′41″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Пепелиште |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | неолитско време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |