![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/63/Cave_Barriques.jpg/640px-Cave_Barriques.jpg&w=640&q=50)
Барик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Барик (француски: barrique) — име за вината што зрееле во дабови бочви. Вината го преземаат танинот од дабот (бочвите мора да бидат нови) и развиваат специфична арома. Аромите кои се создаваат со барификација на виното се: ванила, чад,...
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/63/Cave_Barriques.jpg/640px-Cave_Barriques.jpg)
Барикниот вкус на вината, кој, како што веќе споменавме, потекнува од дрвената бочва специјално изработена за оваа намена (при што се истакнува важноста на нејзината големина, дебелина и нагореност на штичките, а особено квалитетот на дабовото дрво од кое се произведува таков сад). Се истакнува и тоа дали и во нив се врши вриењето на виното или се тура во бочвите откога ќе заврши вриењето само за зреење. Покрај времетраењето на зреењето и бројни други чинители, производителите се одлучуваат за, според нивното верување, најповолна постапка, со крајна цел да ја добијат наклонетоста на потрошувачите со квалитетот на виното во шишето и чашата, па и со истакнување на начинот на добивање.
Според Правилникот за формата, содржината и начинот на употреба на податоците на етикетата на производите од грозје и вино,[1] етикетата може да содржи дополнителна ознака „барик“ доколку виното е зреано во дабови буриња од 225 литри.