Баб ел-Мандеб
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Баб ел-Мандеб (арапски: باب المندب) — проток меѓу Јемен на Арапскиот Полуостров и Џибути и Еритреја на Африканскиот Рог. Ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив.
Името на протокот значи „порта на маката“ или „порта на солзите“, кое го добило поради опасноста при неговото преминување или, според едно арапско предание, поради големиот број на удавени во земјотресот кој ги одвоил Азија и Африка.
Баб ел-Мандеб е стратешка врска помеѓу Индискиот Океан and the Средоземното Море, преку Црвеното Море и Суецкиот Канал. Во 2006 г. низ протокот минувале 33 милиони барели (5.200.000 м3) нафта дневно (вкупниот танкерски превоз на нафта во светот изнесува 43 милиони барели дневно).[1]
Протокот е широк околу 30 км, од ’ртот Менхели во Јемен до ’ртот Сијан во Џибути. Поделен е на два помали премини со островот Перим. Источниот е наречен Александров Проток (Баб Искендер), широк е 3 км и длабок е 16 сажени (30 м). Десниот е наречен Дакт ел-Мајун и има ширина од 25 км и длабочина од 170 сажни (310 м). Недалеку од брегот на Џибути има група помали острови, наречени „Седум Браќа“ или Саваби. Површинската струја во источниот канал води навнатре, додека пак под онаа под неа тече нанадвор, кон западниот премин.
Според африканскат хипотеза за потеклото на човект, протокот Баб ел-Мандеб е веројатно место на првите иселување на денешниот човек (не вклучувајќи ги другите хоминини) од Африка, пред околу 60.000 години.[2][3] Се претпоставува дека тогаш морското ниво било многу пониско, а протокот бил многу поплиток или воопшто немал вода, овозможувајќи да се случат низа преселби долж јужниот брег на Азија.
Според Етиопската православна црква, преку протокот поминале првиоте семитски доселеници (говорници на гиз) во Африка, што се случило во времето еврејскиот на родоначалник Јаков (околу 1900 г. п.н.е.).[4]
Најзначајна политичка сила на ова подрачје било Аксумското кралство на Африканскиот Рог, кое потоа се проширило и на Арапски Полуостров со освојувањето на Химјарското кралство.
Во 2008 г. е претставен план за изградба на мост преку протокот, наречен „Мост на роговите“, поврзувајќи ги Јемен и Џибути.[5] Ова би бил најдолгиот висечки мост на светот .[6]
Баб ел-Мандаб претставува и подрегион на Арапската лига, кој ги опфаќа Џибути, Јемен и Сомалија.
Баб ел-Мандеб:[7] | ||||||
Земја | Површина (км2) |
Население (2013) |
Густина (жит/км2) |
Главен град | БДП (ПКМ) во долари |
БПП/жител (ПКМ) во долари |
---|---|---|---|---|---|---|
Џибути | 23.200 | 792.198 | 96,4 | Џибути | 2.379 | 2.676 |
Сомалија | 637.657 | 10.251.568 | 41,17 | Могадишу | 5.896 | 600 |
Јемен | 527.829 | 23.833.000 | 44,7 | Сана | 58.202 | 2.249 |
Вкупно | 1.188.686 | 34.876.766 | 29,3 | 66.477 | 1841 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.